Вход на сайт

Просмотр новости

Найдите то, что Вас интересует

Агресија меѓу младите - Растени во „дивина“ или во цивилизација?

Дата публикации: 12-09-2025 09:00:02

Три тинејџерки нападнале 15-годишно девојче во скопски Карпош. Десегодишник бил физички нападнат од двајца соученици, кои потоа во училишниот двор му се заканувале и го навредувале, а едниот од нив снимал со мобилен телефон.
Ова се дел од последните инциденти поврзани со врсничко насилство, а регистирани во билтенот на Министерството за внатрешни работи (МВР).
Секоја ваква вест одново ги вознемирува родителите на малолетници, кои како што велат, се плашат за безбедноста на децата и на улица, но и во училиште.
„Чувствувам длабока загриженост за средината во која растат нашите деца. Наместо учебната година да почне со радост, нови пријателства и сигурност, гледаме вести за насилство, булинг и тепачки. Во овие услови секој родител се прашува: дали се навистина безбедни нашите деца додека чекорат по улица или остануваат во училишните дворови?“, вели Катерина М. мајка на дете во скопско основно училиште.
Таа смета дека безбедноста, психосоцијалната поддршка и ненасилната комуникација треба да се приоритет број еден, не само на училишната, туку и на пошироката заедница.
„Едукацијата и поддршката треба да бидат постојани, механизмите - јасни, а реакцијата при секој инцидент - брза за децата да учат, да се дружат и да растат без страв, а родителите со повеќе доверба да ги пуштат самостојно да чекорат низ секојдневието“, додава Катерина.
Во основно училиште во Скопје учи и детето на Гордана С. Таа „навива“ за концептот „да се спречи пред да се лечи“.
„Не може само да се бара решение за проблемот кој веќе настанал. Треба да се бара и начин да се превенира нов. А превентивно треба да делуваат првично родителите, но кај некои од нив нема чувство за етика и емпатија. Системот мора да ги поддржува децата жртви на насилство и не смее да биде индиферентен кон децата насилници, туку да има посебен увид во нивните училишни активности, но и преку соработка со родителите и во она што се случува надвор“, потенцира Гордана С.
Родителите и институциите да работат здружено
Обврска за насочување на развојот на младите има образовниот систем и надлежните институции, но и родителите како прв канал преку кој децата учат и тие треба да инвестираат во својата психолошка писменост за тоа како ги раснат децата, порачува Гордана Блажевска Спиридонова, училишниот психолог во гимназијата „Никола Карев“.
„Сѐ повеќе се среќаваме со недостаток на воспитно влијание од страна на родителите, особено кога во немоќ да се справат со моменталните манифестации на однесување на своето дете, тие попуштаат, се повлекуваат, не поставуваат јасни насоки, ниту пак го учат детето на потребните вредности за да може да биде тоа безбедно и за себе и за средината околу себе. Па така, на крај изгледа како да имаме деца кои се растени во дивина, од волци. Често може да имаме ваква претстава“, вели Спиридонова.
Психологот порачува возрасните да не ги прекршуваат правилата за децата, да не се охрабруваат и подвлекува дека детето учи за исходите на однесувањето, зависно од тоа како ќе реагираат возрасните.
„Ако децата грубо трчаат по ходникот и се туркаат, секој возрасен што ќе ги види треба да им каже: ' 'Вака не, деца'. Ако детето фрли отпадок, турне свое другарче или му се смее бидејќи нешто згрешило, на ова треба да се реагира. Важно е дали поддржуваме особини како агресивно наметнување, фраерско однесување, дискриминирачко однесување, насилно покажување на моќ... Ако не ги учиме децата да ги препознаваат овие свои особини и да ги култивираат, редовно ќе имаме вакви облици. На тест е целата целата јавност со тоа како реагираме кога ваква случка ќе има поголемо излегување во медиумите“ додава психологот.
Најмногу од инцидентите се со физички напад
„Од почетокот на 2025 заклучно со 31 јули 2025 година, регистрирани се 86 инциденти во 65 училишта (48 основни и 17 средни училишта), од кои најмногу со физички напад – 69“, велат од МВР за Радио Слободна Европа (РСЕ).
Од овие инциденти, 41 биле регистрирани во Скопје, 17 во Тетово, а во другите подрачја имало помалку или немало училишни инциденти.
„Од страна на Министерството за внатрешни работи се постапува по сите пријавени случаи согласно законските надлежности. Со оглед на тоа дека Министерството постапува и превентивно, во континуитет се преземаат голем број на превентивни и едукативни активности, кои се реализираат во основните и средните училишта, средби со одговорни лица во училиштата, кампањи со граѓани и симулациски вежби“, додаваат од МВР.
Во март 2023 година, Министерството за образование и наука (МОН) ја објави електронската адреса prijavinasilstvo@mon.gov.mk на која може да се пријави насилство во училиштата. Ова се случи откако во соседна Србија ученик пукаше и уби соученици и чувар во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград.

Основное содержимое страницы с новостью.

Схожие новости

#Наименование новостиТональностьИнформативностьДата публикации
1Граѓаните дискутираат за скопскиот ГУП - транспарентност или лажна надеж06.0522-08-2025
2ПАМЯТКА ДЛЯ РОДИТЕЛЕЙ! Скулшутинг! Это нужно знать - рекомендации родителям! ...-3611-07-2026
3Врач Морозова: если ребёнок сообщил о травле, нельзя обесценивать его переживания08.7714-08-2026
4Skup život i nesiguran posao: Šta su problemi mladih u Srbiji013.7912-08-2026
5Оскорблявшего педагога в Московской школе ученика отчислят по заявлению родителей0025-12-2025
6С семьей мальчика, ударившего педагога в московской школе, будут работать психологи0022-01-2020
7Психолог Громов назвал молчание ребёнка возможным признаком травли0517-07-2026
8Психолог Громов рассказал о невольной травле со стороны учителей0520-07-2026
9Глава СК считает, что агрессии подростков способствует деструктивный контент в интернете0001-10-2021
10Эксперт: В Дагестане травлю в школах с психологами чаще прорабатывают взрослые, а не дети06.2214-08-2026

Классификация: Общество. Схожих патентов: 0. Схожих новостей: 10. Тональность: 0. Информативность: 6.4. Источник: www.slobodnaevropa.mk.